Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку кратко соопштение ја информира јавноста дека во коалицијата “За подобра Македонија” е потврден ставот дека политичките партии кои влегуваат во истата не се согласуваат со Преспанскиот Договор.
Денеска остварив средба со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“.
Коалициските партнери се согласија дека капитулантското дело наречено договор не може да ја надомести штета која владата на Заев и СДСМ ја нанесува државата.Коалицијата ,,За подобра Македонија’’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се брише името, јазикот и идентитетот на државата.
-стои во соопштението на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.