Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , Димче Арсовски во својата прес конференција меѓу другото изјави:
Вчера беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се виде недемократското лице на власта и Зоран Заев, она реалното без милион шарени лаги и очекувања, каде повеќе од 16 часа имаме молк и од институциите.
Според наши непотврдени информации на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие. Тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа. За само 48 часа од оваа средба беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ во стилот и со методи на шарената револуција на СДСМ. Зад се ова стои поголемо сценарио диригирано директно од Зоран Заев.