Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со кандидатот за градоначалник од партијата за Општина Карбинци, Зоран Минов. Груевски денеска на граѓаните им го честиташе денешниот празник.
Груевски кажа дека биле организирани африкански избори, со застрашување на граѓаните, поткуп, кој беше поддржан од Македонија. Тој додаде дека скршен бил череп на кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека крајната цел е да се разбие секој Македонец кој размислува за својата држава, кој го сака својот јазик и идентитет и преку разни механизми истите да делуваат. Тој напомена дека сакањето на државата тие сакат да го направат нешто што е немодерно, а пак повредни да станат работите како легализација на хомосексуалноста, легализација на марихуана, дрога и масовна употреба на алкохоли.
-Народот ги гледа и допрва ќе ги види, но нема долго да ги издржи, ова нема долго да трае, ќе помине некое време, ќе помине нивната употребна вредност на оние кои ги инсталираа како марионетска власт и народот ќе најде начин да го реши проблемот со овие луѓе, на чело со ВМРО-ДПМНЕ на власт.
-Красниќи на слободна, а Едмонд Темелко, човек кој што е борец за човекови права на Македонците во Албанија , тој во затвор. Убијците на децата во Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а оној јаден дедо за кубење коса, четири години затвор, изјави Груевски.
Тој кажа дека немилите настани кои се случени на 27 април биле немили сцени кои не требало да ги има, но дека биле намерно испровоцирани. Тој кажа и дека кога гледаат колку криминалци се ослободуваат од затвор и гледаме како се апсат овие луѓе тоа е неправда и најави дека целосно ќе се застане зад нив.
-Додека ги прават сите овие спектакли, економијата тоне, паѓаат девизните резерви на државата, се намалува извозот секој месец, се намалува индустриското производство. Прогнозите за економски раст на секој месец-два се намалуваат, се оди надолу. Просечната плата наместо да расте,како што ветуваа и кажуваа дека ќе има по 500 евра просечна плата, таа се намалува, а колку луѓе се излажаа верувајќи дека ќе добијат 500 евра просечна плата, изјави Груевски.
Тој кажа дека не заборавиле да решаваат работи за редифинирање на името, како што кажа веќе и најавиле дека ќе го решат проблемот на името, по терк на Грција, како што и беше со Бугарија каде што се прифатија. Тој кажа дека ова го прават да не се види големата слика, како што е тонењето на економијата, овие криминални избори.
-Да не дозволиме да завладеат со страв над луѓето, на стравот да одговориме со пркос, со излегување во недела и со гласање за Зоран Минов, масовно, одлучно, достоинствено и со интегритет, изјави Груевски.
Тој вели дека вработеноста во Карбинци во 2006 година имало 280 вработени лица, а на крајот на 2016 година бројот е 550 лица, а тоа се дупло повеќе вработени лица и нивната основна цел во минатиот период биле отворање на нови работни места. Груевски најави и бесплатен здрав оброк за учениците од прво до петто одделение како и стекнување на сопствен дом на семејствата во Карбинци со симболична почетна цена од 1 евро по квадрат и со ослободување на комуналиите.
-Ќе направиме и ново училиште, ќе ја реконструираме прочистителната станица, а ќе рекунструираме и многу улици во Карбинци, а најмногу од се ќе носиме нови инвестиции за да има нови работни места.
Тој кажа дека нудат концепт во кој што нема неасфалтирана и неосветлена улица и дека нудат концепт во кој секое маало ќе има парк.
-Во Карбинци, ќе се изгради нов сточен пазар, овој пазар речиси е готов, ќе се изгради спортска сала, ќе изврши чистење и урбанизирање на коритото Козјачка река во село Карбинци. Во програма предвидуваме изградба на филтерна станица, изјави Груевски.
Тој кажа дека ќе има и изградба на улици и патишта, како и уште многу други кои што ги има во програма на Зоран Минов, за кого кажа дека убеден дека ќе направи и повеќе работи од тие што ги има во програмата, како што тоа секогаш го прави ВМРО-ДПМНЕ.
Извор:Курир