• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Груевски: Оваа власт се срами и се плаши од овој голем ден и празник

октомври 23rd, 2017 Македонија коментари 644

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Веќе десет години, Македонија го слави 23-ти октомври како државен празник, денот на македонската револуционерна борба, денот на основањето на МРО, подоцна ВМРО. Оваа година е прва година кога не само што се прекинува традицијата на доделување на државната награда  23-ти октомври, туку и очигледна е назаинтресираноста на новата власт кон одбележување на овој празник. Затоа, сме ние тука ,истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Свечена академија по повод “Денот на Македонската револуционерна борба“.

-Кога  оваа власт се срами и се плаши од овој голем ден и празник, тука сме ние, ВМРО-ДПМНЕ да го одбележиме, прославиме, да се потсетиме и инспирираме од минатото, македонското револуционерно минато за слободата на Македонија. Во годината во која новата власт, без никаква јавна дебата, без консултација со стручната и пошироката јавност, без да го праша народот за тоа, во негово име потпиша договор со една соседна држава со кој објави дека до 1944 година нашата историја била дел од историја на таа соседна држава и дека во тој правец планира да ги менува учебниците по историја во Македонија, разбирливо е зошто бегаат од прославата на овој празник. Истовремено најавија и уште една промена на учебниците по историја, по теркот на една друга соседна држава. Ова е година кога за прв пат нашата историја стана алатка за политички преговори, доаѓање  и останување на власт. Менувањето на нашата историја, откажувањето од нашиот јазик, име и идентитет, стана алатка за некој да дојде и да се задржи на власт. Ние сме партија, која гледа, која е фокусирана кон иднината, кон подобрата и поуспешна иднина на нашата држава и народ, но не бега и не се плаши од минатото и од историјата, ниту пак ја сквернави или злоупотребува.  Напротив, тоа минато и сите тие жртви, ни даваат поттик, посеризно и поодговорно да пристапуваме кон секој нареден чекор поврзан со иднината, затоа што знаеме со колку крв, жртви и маки од нашите предци е стекнато она во кое денес ние слободно живееме како во своја држава- Република Македонија, рече Груевски.

Тој порача дека иднината на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја гледа како дел од големото европско семејство, како дел од ЕУ и НАТО и во добри односи со соседите.

-Но, тоа не значи дека треба да го избришиме или да се срамиме од нашето минато, или да го препуштаме други држави да ни го интерпретираат или преправаат,  согласно нивните државни  интереси.  Живееме во тешки времиња, со големи искушенија и големи идеали. Но во какви времиња живееја нашите основачи? Основачите знаеја дека ќе треба време за да се оствари идејата, но знаеја дека најпрвин – идеја мора да има! И ја создадоа идејата, за идејата потоа да ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото! Делото е слободна, суверена и независна Македонија. Не им беше воопшто лесно, ниту пак едноставно, но имаа решителност и одлучност. И подготвеност за високи лични ризици. Се будеа, живееа и си легнуваа со помислата на слободата и правдата, со помислата на Македонија. Инспирираа, мотивираа, организираа, планираа, твореа и се бореа за она во што веруваа. Слободна земја на слободни луѓе. Да бидеме свои на своето. Насекаде низ својата земја, во секое село и во секој град, и дење и вечер, и во лето и во зима. Тие беа со народот, и кога беше воскликот на победата, и кога беше тагата на загубата, тие стануваа велики при најголемите искушенија и при најголемите иницијативи. Искушенијата ги доживуваа како тест на верата, вербата и довербата, живеејќи со пулсот на своите собраќа и сосестри. И никогаш не отстапија од своето верују. И затоа победуваа и кога добиваа и кога губеа битка. И кога го напуштаа овој свет, кога нивните очи за последен пат гледаа во соборците околу нив, во семејството над нив, или пак одеа во мир сосема сами мислејќи на децата, жената, мажот, родителите, кога им прелетуваа мислите за животот во тој последен грч, кога се збогуваа тие гледајќи во небото завршуваа со еден шепот на нивните усни – Македонија, порача Груевски.

Извор:Курир

 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Захариев: Во Штип ќе се отворат 10 нови фабрики како и многу нови работни места
Следна објава Захариев: Штип ќе го направиме најмодерен град во Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 509
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 486
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 493
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1141
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 474
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 538
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 278
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 359
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 503
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

787
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2121
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4142
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202223
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201923
Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон
Забава

Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон

Мар 18th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.