• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Христијан Мицкоски пост-референдумски: Имам разбирање за сите што беа подложени на притисок, уцени и закани и излегоа да гласаат

октомври 1st, 2018 Македонија коментари 911

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Целото пост-референдумско обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Името ни е големо, велеше Блаже Конески.

​Ова е Македонија, секој еден од вас, старо младо, машко и женско.

​Македонија денеска кажа, соопшти, дека договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум. Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл, а денес Македонија вистински победи.

​Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка на овој срамен договор, односно бројот на граѓани кои апстинираа од гласање или пак гласаа против договорот е драстично поголем од оние граѓани кои гласаа за договорот.

​Факт е дека договорот со Грција не доби зелено светло, доби стоп од народот. А, народот, народот на Република Македонија кои се сопственици на оваа земја покажа исклучителна демократска и патриотска свест.

​Граѓаните, оние кои гласаа против договорот, и оние кои одбраа со апстиненција да кажат што мислат ја испратија најгласната порака – Ова е Македонија, овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци се Македонци такви ќе бидат и идните наши поколенија, и затоа ви благодарам и ја имате мојата почит.

​Нашиот народ е силен. Народот не го скршија, ниту уцените, ниту бруталните закани, ниту јавувањата на директорите по институции, ниту правените списоци и малтретирања на граѓаните.

​Дека власта е разголена и тотално разобличена со сета своја немоќ покажуваат и оние очајни обиди наводно во име на ВМРО-ДПМНЕ да се праќаат пораки до нашето членство се со цел да излезат на гласање, или работата на кол центрите од власта кои се јавуваа на граѓани, во време на изборниот молк за да излезат да гласаат.

​Почитувани сограѓани,

Ќе дојде време да одговараат за малтретирањето на народот, но и да се одговори како тоа приватните телефонски броеви на граѓани се најдоа во рацете на луѓе на штабот на власта и СДСМ.

​Ќе одговарате и за наполнетите кутии во Сарај, Струга, и на други места каде пробавте да ја фалсификувавте волјата на народот и ќе дојде часот кога ќе треба да објасните зошто минатите избори имаше 45% излезеност, а сега фантастични 95%.

​Ќе одговарате и затоа што локални шерифи на СДСМ директори и градоначалници посетуваа домови на граѓани и на сила и под закани ги уценуваа да излезат и да гласаат, спротивно од нивната волја.

​И народот покажа дека не ви се плаши. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Затоа што ова денес е пораз не само за договорот со Грција, туку и за криминалот на власта, за наместените тендери, за уништената економија, за немањето на проекти во здравството, во образованието, за бизнисите на Вице, за Анѓушев, за неостварените ветувања. За криминалците кои ги пуштивте на слобода, за одземениот спокој и сигурност. Народот е на нозе, а никој до сега не победил народ.

​Денес народот даде свој вредносен суд. Заев и неговата влада се делегитимирани, новата општествена реалност говори дека политиките на Заев и владата паднаа и тоа е јасно на огромен дел граѓани на Македонија, а од денес тоа им е многу јасно и на Заев и неговите пајташи.

​И сега, сакам една порака до оние невешти спинери на власта, до онаа корумпирана армадила платена со државни пари, и лажните душегрижници за вмровските работи, два месеци ширевте невистини, два месеци книжевте нарачани анкети, колективна хипноза сакајќи да го манипулирате сопствениот народ, па велевте те дека сум се договорил за нешто со Заев, те дека ќе го разорачам народот, те дека ВМРО ќе се распаднело, а ја сум бил нечија продолжена рака и еве сега можеме да се погледнеме во очи, и тогаш и денес ви кажувам Македонија ќе победи, и ќе продолжи да победува, ВМРО-ДПМНЕ бил, е и ќе остане со народот, бидејќи организацијата е народот, а народот е организацијата, и народот ќе ве победи.

​Драги пријатели,

​Имаме нова општествена реалност, каде народот, македонскиот народ, обичните граѓани Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци нека ми простат оние кои не ги споменав, покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени.

​Оваа е желбата на народот која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја следи.

​Народот освен на договорот кажа не и за манипулациите на власта со вистинските вредности на Европската Унија и НАТО и обидот погано власта да ја злоупотреби оваа заедничка цел, некоректно и непотребно вметнувајќи го во референдумското прашање. Волјата и апсирациите за членство во ЕУ и НАТО се наши стратешки приоритети, тие се тука, и постојат, но сите треба да го почитуваме фактот дека народот има свои перцепции и приоритети кои што им се посебно важни како што е името на оваа држава, и нивниот идентитет, пренесен од колено на колено, од дедо на внук.

​Утре е нов ден, 01 октомври, а реалните проблеми остануваат за решавање.

​Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот.

​Оваа порака од народот треба да ја почитува премиерот, владата, собранието, сите партии, секој еден пратеник, без разлика на која политичка партија и припаѓа.

​Бидејќи народот е најголем репрезент и најзначајниот фактор.

​Тоа што не успеа овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата и никој друг. Прво затоа што склучи штетен и лош договор, второ ја лажеше меѓународната заедница преставувајќи лажна афера дека овој договор ќе помине, а водејќи се од желбата да ја спаси својата кариера и ги прикрие криминалните афери, и трето затоа што на сила преку брутална манипулација и кршење на законите и Уставот проба овој договор да помине кај граѓаните.

​Колку и да се обидува да глуми Заев некаков си лажен триумфализам и да се удира во гради говорејќи за избори, смрштениот израз на лицето кажува дека потонале сите бродови, а богами и тендерите.

​Денес речиси 1 милион и 200 илјади граѓани кои се јасно и недвосмислено за членство на државава во ЕУ и НАТО кажаа дека се против промена на името. Тие луѓе повторно се за членство во овие организации и тоа не може да го смени ниту Заев ниту било кој друг политичар. Овие луѓе ја сакаат Европска Македонија, но се против договорот Заев, Ципрас и тоа треба да им е јасно.

​Денес 250 илјади Македонци излегоа да гласаат, излегоа и припадници од другите заедници. Некои беа убедени во тоа што го кажуваа од власта, други беа донесени во заблуда, а добар дел беа подложни на притисок, уцени и закани. Јас имам разбирање за сите нив. Потребно е да застане времето на поделби, и Македонија да тргне напред. Поларизацијата меѓу народот е вештачка и е создадена од Заев, тоа ќе престане, а народот мора да се сплоти.

​Почитувани граѓани на Република Македонија,

​Македонија денес се изјасни против договорот. Битката продолжува до конечната победа, да сте живи и здрави.

​Македонија вечна!!!

​Македонија ќе победи!!!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Заврши манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во Кочани
Следна објава Во Брегалничкиот регион од 152.587 запишани избирачи, ЗА референдумското прашање гласале 42.062 или 27,57%
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

776
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1147
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.