• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Христијан Мицкоски: Секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното

декември 9th, 2019 Македонија коментари 586

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Христијан Мицкоски: Секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното

По се поочигледниот молк од страна на Зоран Заев од позиција на Претседател на владеачката СДСМ на сите нивоа на власт во државата, на конкретните предлози за започнување на процесот за излегување на Република Македонија од ќорсокакот во кој беше втурната од власта, денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во име на развојот на државата повторно го повика лично Заев за прифаќање на предлозите на опозицијата.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од прес-конференцијата на Мицкоски:

“Немаме политика на принципи од власта, туку „купи ден продај“ политика. Имаме коцкање со државните и национални интереси, и не е само така во надворешните односи, туку и во секој друг поглед. Владата на Зоран Заев практично стана заложник на своите неуспеси, и кусогледа популистичка политика. Без многу голема промисленост, туку само со една цел и интерес, како да се дојде до повеќе пари, и до повеќе лични бизниси, а се останато може да чека, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

И затоа ни се случува државава да влезе во слепа улица, со силна поделеност и одбрана каста на функционери кои погрешно мислат дека вечно ќе владеат.

Нивната фасадерска политика на розови очила распукува низ тестот на времето.

Зоран Заев за само десетина дена излезе на чистина дека брани и штити амнестија, дека не сака испитување на потекло на имот, и дека планира по поразот да се крие позади пратеничкиот имунитет.

И ваквата реалност тие сакаат да ја покријат со многу пердуви, неосновани напади, и секојдневни клеветења кои имаат за цел да ја покријат оваа вистина која ја говорам. Да не се дознае во јавноста дека штитат неправда, носат криминал и корупција. А сите нивни лаги паѓаат на тестот на времето, како оној нивен напад дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски должело по изборната кампања, а притоа не говорат за нивниот долг кој лесно може да се провери во извештајот од изборите. Па онаа лага за амнестијата и постојаните повици да прифатиме автентично толкување на законот, ама бумерангот се враќа кон фрлачот, па самите тие не го гласаа тоа автентично повикување за кое нас не прозиваа со денови.

Па потоа ќе отидат на трибина во Битола и Заев немајќи аргументи ќе сврти на шеги, кои никој не ги разбира, пред се затоа што личат на трагедија, па ќе порача на тие кои не мислат како него да се сликале „У Буручу” во Струмица“, и ред такви совети кои го тераат човека секој ден се повеќе да се запрепастува и загрижува кои луѓе ни ја водат државата и со каква леснотија преовладува примитивизмот во нивните говори.

Во изминатиов период дадов неколку предлози, а кои беа во насока на зацврстување на демократските процеси и правната држава. Но од другата страна добивме молк, и одбивање да се направат чекори кон борбата против корупцијата и криминалот. Тој молк не може никако поинаку да се разбере освен како штитење на криминал, корупција и подривање на правната држава.

Заев се докажа дека е главна пречка за правда во државата. И да ги тргнеме на страна оние милијарди спинови и лажни вести кои ги пуштаат, а со кои само си се лажат само себеси, ајде да зборуваме малку за суштината.

И еве ги тие работи кои Заев и СДСМ ги изнесуваат на чистина.

Прво, го повикав да прифати измени на законот со кои што ќе се забрани секој кој е амнестиран во земјава да се занимава со политика и да биде носител на државна функција.

Не добивме одговор, односно добивме одговор дека практично ќе одговарале сите што сториле криминал и дека тука немало да има амнестија. Но фактот е еден дека единствен активен политичар во државата кој што во минатото е амнестиран за сомнеж за сторен криминал е токму тој, Зоран Заев.

Второ, повикав да донесеме измени со кој ќе забраниме во иднина амнестијата да се донесува за политичари и луѓе кои биле носители на државни функции. И ова е заштитен механизам за тоа носители на државните или јавни функции да ја одбегнуваат правдата поради претходно носење на мерката амнестија. И повторно ќе бидам директен, молкот во СДСМ кажува дека одговорните за денешниот криминал и корупција се надеваат на некаква идна амнестија. А јас ќе им кажам дека компромиси со правдата, сега и за било кога во иднина, нема да има. Како што кажа во Битола, Зоран Заев, дека сите кои што сториле криминал ќе одговараат. Истото тоа ќе го потврдам. За сите кои што се огрешиле пред законите и се осрамотиле пред граѓаните ќе одговараат, и во минатото, ама има да одговараат и тие кои што и денеска прават криминал. Амнестија ќе нема да не се надеваат.

Трето, објавив дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој, согласно Уставот ќе може да се изврши детално испитување на потеклото на имот на политичарите. И ова е со цел да се санкционираат оние кои направија бизнис империи, не затоа што се способни туку затоа што ја користат политиката за нелегално печалење на грбот на граѓаните. Повторно од Заев и СДСМ има молк, затоа што очигледно има страв, и тоа голем страв во најбогатото политичко семејство на Балканот.

Четврто, предложив да се направат измени на изборниот законик, согласно европските искуства, со кои ќе се воведе кандидат мандатар за новата влада, со што граѓаните ќе ги знаат пред изборите, а воедно тие што ќе загубат, односно нема да добијат доверба од граѓаните да си заминат од политиката, а со цел да имаме еден демократски циклус на нови ликови и нова енергија. Молкот на власта кажува две работи, прво Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите, и второ тој планира да се крие позади имунитетот како пратеник.
Петтата работа која сега прв пат ќе ја споменам, а се однесува на законот за употреба на јазиците. Постојано укажував на тоа дека секој закон е исклучително важно да биде во согласност со Уставот и да е во функција на владеењето со правото. Наспроти тоа добивме закон кој е правна дивоградба. И тој е таков затоа што пред се Зоран Заев манипулираше со чувствата на граѓаните и сакаше гласови со измама и тоа од Албанците.

Значи тој беше спремен на компромис со правдата и правото само за да добие глас повеќе. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само не внесе и не заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи во предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите.
И никако во ова не помагаат изјавите кои се контрадикторни и политикантски, почнувајќи од оние на премиерот, па потоа целосно спротивните на вицепремиерката, со кои се демантираше Заев, додавајќи дека ќе постигнеле коалициски став, а особено што таков став не ни треба, кога се знае дека нема компромиси со правото и Уставот, и дека единствениот став мора да биде дека сето ова треба да е правно издржано и применливо.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за употреба на јазиците, кои пред се ќе ги содржат забелешките од Венецијанската комисија, и ќе биде во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, во духот на европските практики содржани во забелешките на Венецијанската комисија. Никој во оваа држава да не се чувствува оштетена страна. И затоа овие амандмани треба да бидат поддржани од власта, од Заев и неговата коалиција, со што ќе се демонстрира зрелост но и само така да се покаже дека нема да има компромиси со правото. Во спротивно, ќе се одбере популизмот, во надеж за нови измами, без дела.

Иако Заев и Шекеринска се политичари уште од времето на транзицијата, треба да знаат дека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава.

Затоа уште еднаш Заев го повикувам доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кои ќе забраниме амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика. Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија.
Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното.

Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Христијан Мицкоски го честиташе денешниот празник посветен на Св. Климент Охридски
Следна објава Најава за традиционалниот марш ,,По врвиците на Војводата Дамјан Груев"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 609
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 685
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1207
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1908
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201923
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.