Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ заедно со дел од своите соработници вечерва беше на средба со граѓаните на Општина Центар во Скопје.
Кампањата за “Обнова на Македонија” завзема се поголема жестина како по интензитет така и по квантитет.
Исцртувајќи ги постепено контурите на една нова методологија за практикување на политиката, со современи решенија и иновативни проекти, Мицкоски се поизразено наметнува нов стил и имиџ на водач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои сериозно се фатени во костец со проблемите на граѓаните и нивно решавање на сите нивоа во државата.
Притоа Мицкоски ваквите политички решенија ги темели на енергичен и кристално јасен говор во кој што е содржана неговата професорска аналитичност и сублимат на знаење и кредибилитет.
Целиот говор упатен пред жителите на општина Центар во Скопје од срцето на Македонија изобилува со обилен број на аргументи, принципи и предлог решенија, но сепак најсилен е неговиот финиш во кој Мицкоски ги повика присутните и целиот Македонски народ на нова револуција за ослободување на Македонија од Зоран Заев.
Дојдете, придружете ни се, застанете рамо до рамо со нас. Ајде заедно да ја почнеме новата револуција во Македонија, ајде заедно да ја почнеме економската револуција, социјалната револуција, револуцијата во земјоделието, револуцијата помеѓу младите, револуцијата на улиците, на булеварите, по домовите.
Ајде да си ја ослободиме Македонија затоа што после 12 април започнува обновата на нашата Македонија.
Дојдете и придружете ни се сите, од прв до последен сте добредојден, дали сте Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и да ми простат сите останати. Дојдете застанете со нас да се бориме и да победиме.
Победата е јасна и јасно се гледа на крајот од овој пат. 12 април е денот. 12 април е денот кога ќе ги поразиме толку жестоко, што нема да знаат што ги снашло.
Ајде заедно да ја победиме оваа влада во Македонија, бидете дел од револуцијата предводена и наречена Обнова на Македонија.
-громогласно извикуваше Христијан Мицкоски пред жителите на Центар.
Погледнете го овој негов бележит говор во целост во продолжение:


