Караванот за “Обнова на Македонија” предводен од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во саботата (30.11.2019 година) ќе биде помеѓу делчевчани.
Разговорите на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ допираат на сите краеви во државата, во секое населено место.
Размислувањата, предлозите и идеите на граѓаните се највредниот ресурс со кој што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во финишот на предизборната трка за претстојните парламентарни избори.
Оттука и повикот упатен кон граѓаните од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ укажува на фактот дека секој поединец е важен.
Обновата на Македонија започнува со секој од нас. Да застанеме обединети и сплотени како никогаш до сега.
Приклучи се со разговор, со знаење и светла визија, со Вашите предлози и идеи заедно да креираме решенија.На настанот кој ќе се одржи во центарот на Делчево во градскиот парк (во непосредна близина кај белата фонтана) ќе присуствуваат:
-Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев,
-Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски,
-Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски,
-Пратеникот Иван Иванов
-Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски
-Потсекретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ристовски.ДЕЛЧЕВЧАНИ СЕ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА
-стои во отворениот повик на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Настанот е закажан за 12.30 часот на отворено во градскиот парк во центарот на Делчево.


