Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати повик кон сите граѓани од сите националности и убедувања да се приклучат на граѓанскиот протест кој ќе започне денеска со почеток во 18.00 часот пред зградата на Јавното обвинителство на кејот на Вардат.
Со протестен марш сите кои се на удар и не се согласуваат од нанесените неправдини во МАкедонската држава ќе зачекорат по улиците на Скопје се до пред зградата на Врховниот суд.
Во продолжение го пренесуваме повикот на Христијан Мицкоски:
“Ве повикувам сите, од сите националности и убедувања, да ни се приклучите на граѓанскиот протест денеска во 18 часот, кој ќе започне од пред Јавното обвинителство на кејот на Вардар, па се до Врховниот суд.
Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.
Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН!
Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие.
Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша.”


