Се уште не стивнуваат реакциите помеѓу граѓаните од вчерашното изгласување за задолжување на државата за нови 216 милиони евра во Македонскиот парламент, а Владата за идната недела на 17-ти декември планира да се задолжи дополнителни 21 милион евра.
Народна Банка на Република Македонија објави аукција на државни записи на државни хартии од вредност во вредност од 21,1 милион евра.
Отплаќањето на ваквото задолжување ќе се однесува за наредните 15 години што значи расипничкото трошење на владата на Зоран Заев че го враќаат граѓаните и наредните влади во следните 15 години.
Ваквата неодговорност на владата на СДСМ со нивните коалициони партнери предводена од Зоран Заев се случува кога задолжувањето на државата континуирано расте додека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво.
Така според информациите откако Заев е на власт јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.
Инаку пред да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија додека сега континуирано ги спроведува и ја убедува македонската јавност дека тие се во нормала.


