Откако беше избркана од страна на велешкиот градоначалник Аце Коцевски, Илинденската коњаница на својот поход кон крушево застана во Стари град во Општина Чашка. Овде беше пречекана од страна на Јохан и Соња Тарчуловски, каде кратко се одморија и повторно го продолжија својот пат кон славното Крушево каде ќе земат учество во одбележувањето на 115 годишнината од Илинденското востание.
Јохан Тарчуловски кој и самиот беше дел од овој Илинденски коњички марш пред некоја година на коњаниците им посака здравје и безбедно да пристигнат на својата дестинација.