Македонските улици се едни од најшареноликите по живописните содржини кои што ги содржат на самата асфалтна рамнина.
Покрај испуканите асфалтни површини еден од главните декори на речиси секоја улица се пропаднатите или подигнатите шахти кои што создаваат несигурност при возење по самите улици а понекогаш и безбедносна закана.
Поради важноста на овој проблем кој што се граничи со индикатор за стандардот за живот во МАкедонија предлагаме да се воведе посебен предмет на Градежниот факултет во Скопје, на кој што за оцена ќе се изучува правилната изградба на рамни шахти на македонските улици.


