Интернационалниот фестивал „Битола 2019“ кој од 9 мај се одржува во Центарот за култура во Битола, се наоѓа пред самиот крај. Интернационалниот фестивал за монодрама завршува утре на 13 мај, каде ќе бидат доделени и награди за кои ќе одлучува меѓународно стручно жири предводено од театарски режисер од Косово.
Денес ќе се изведат четири монодрами , а според предвидената програма, натпреварувачкиот дел ќе го отвори актерот од Молдавија Лазар Јана, кој во 18 часот ќе ја одигра монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ во режија на Марија Паљмицкаја.
Веднаш потоа на сцената се очекува да се претстави актерот од Театар Монплезир во Санкт Петербург, Игор Ларин кој ќе ја изведе монодрамата „Забелешки на покојникот“ од Михаил Булгаков.
Ќе бидат изведени и монодрамите на актери од Црна Гора и Монголија. Слободан Маруновиќ ќе ја изведе монодрамата „Последниот час на Његош“, а Бајасгалан Церендор ќе ја одигра „Јас сум Едит Пјаф“.