Во текот на денешниот ден (понеделник, 08.08.2022 година) вработените на Јавното Претпријатие “Стипион” од Штип работеа на повеќе локации во општината во функција на подобрување на стандардот на живеење на штипјани.
“
Дневни активности на Стипион 08.08.2022
Санација на оштетен тротоар на улица Борко Талев и подготовка за изработка на нов тротоар
Поставување на метални бандери на пешачката патека и паркче во населбата Сењак
Поставување на цефки на пропустите на пешачката патека
Шелување на втор дел од потпорен ѕид на улицата Партизанска ( спроти магацинот на ЈП Стипион
Санирање на олуци на згради во населбата 8ми Ноември.”
-стои во извештајот за реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип.


