По неодамнешните информации за следење на лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија од страна на Бентли автомобил во посед на семејството Заеви денеска на социјалните мрежи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ реши да им ја олесни работата на ваквите пара-служби во семејството Заеви.
Имено тој самиот се издаде за неговите намери за движење во наредниот период за да им заштеди време и пари на неговите следбеници:
Штотуку дојдов во Струмица, вечер ќе присуствувам на трибина и разговор со граѓаните. Кажувам за да не ме мислат роднините и пријателите на премиерот, нека одмори бентлито на власта, бидејќи ќе му претстои напорна работа зошто ние ќе ја обиколиме цела Македонија, секој град, село, маало и улица посветени на ширењето на вистината, борбата за правда и вербата во вредности. За Македонија! 🇲🇰
-напиша Христијан Мицкоски на фејсбук.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1195604470615010&id=829371753904952