Црно-белата мачка е од претседателскиот дом на Водно, каде денеска се всели семејството Пендаровски.
И покрај тоа што е питома, била бездомна, дошла сама, безимена е, но вработените ја хранат.
Оној сивиот мачор, на другите слики е Лари од Даунинг стрит 10, каде живее премиерката на В.Британија. Всушност, на Даунинг стрит 10, премиерите, бивши и сегашни, постојано чуваат повеќе мачки, но најголеми ѕвезди за медиумите се Лари и Палмерстон, бидејќи не се трпат, се тепаат, но се почитувани жители на премиерскиот дом. За разлика од Лари, кој е мрзелив и тромав, мачорот Палмерстон лови глувци , со кои Лондон е преполн, но и патки, и така некако завршува на насловници.
Британските премиери, колку и да не се љубители на животни, вака некако се додворуваат на гласачите и ја подигаат свеста за однос кон животните.
Го замолувам семејството Пендаровски да и` дадат име на мачката, да ја вакцинираат, стерилизираат, да го почитуваат нејзиниот избор што посакала дом во претседателска вила, што не и` заврши мандатот и така некако да станат европјани во права смисла на зборот.
Пишува Јорданка Ивановска Јоци:


