Се работи за селото Ниакорнат на Гренланд, каде што живеат само 59 жители. Еден месец овие жители живеат во целосен мрак, студот , ледот кој се топи и недостатокот на канализација се неколку причини на ова место, за кое слободно може да се каже дека се наоѓа на самиот „крај“ на светот. Жителите на Ниакорнат имаат интернет и можат да комуницират со остатокот од светот. Во селото има еден и единствен тинејџер , се работи за многу мало место и населението го сочинуваат две големи фамилии и само неколку луѓе кои не се роднини. Канализација не постои, но постои зграда на локалната заедница, каде има бања и соба за перење.
Жителите имаат формирано организација која работи за да привлече туристи, за да отидат до нивното место и да видат како тие живеат и со што се занимаваат. Жителите одат на работа во соседното село со хеликоптер, а потребните намирници до ова место стигнуваат со брод. Сите жители одат на лов или риболов, поточно сите се занимаваат со таа дејност. Во Ниакорнат постои продавница за храна, еден учител, администратор на селото, колектор за отпадни води и толку.
Ловецот е главен на селото. Некои години им се потопли но повеќето се екстремно ладни.