Македонија континуирано се ограбува. За жал, тоа одамна не е вест, зашто не се случува само денес или вчера, туку со векови. Според д-р Илија Велев од Институтот за литература во Скопје, кој долги години го истражува македонското книжевно наследство низ вековите, огромен број наши скапоцени ракописни книги сега се во најрепрезентативните збирки на најугледните европски музеи, библиотеки и други културни институции.
За жал, досега не е покрената никаква иницијатива за евентуално нивно враќање во Македонија, како што направи, на пример, Србија, која успеа да врати дел од своето книжевно културно наследство однесено од земјата. Секако, благодарејќи на личните залагања на неколкумина македонски истражувачи, досега се регистрирани дел од нашите стари ракописи, заедно со земјите и институциите каде што се наоѓаат. Одреден број од нив како копии веќе ги имаме и во Македонија.
За д-р Велев, кој досега има објавено повеќе од 200 книги, студии и статии од областа на македонската книжевна историја, сепак, најбитно е да се обезбеди континуиран фонд за истражувачки проекти, преку кој ќе се овозможи комплетирање барем на фотокопии или електронски изданија на сите македонски стари ракописи расеани низ Европа. Паралелно со тоа, се разбира, би продолжила стручната обработка на сите стари ракописи или збирки на македонски ракописни книги, што е многу важно за македонската книжевна историја.
Од друга страна, ќе се комплетира досието за тоа како, кога и на кој начин од македонските манастири и скриптарници се крадени, носени, продавани и препродавани скапоцените ракописни книги со кои сега се гордеат голем број европски музеи, библиотеки и други врвни културни институции во странство.
И КОНЗУЛИТЕ ЈА ОГРАБУВАЛЕ МАКЕДОНИЈА?!
Така, во Музејот на Српската Православна Црква во Белград се чува ракописен Пентокостар од 1493 година. Овој ракопис, како што тврди д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, еден од врвните македонски авторитети од областа на ракописното и книжевно наследство, во Србија е однесен директно од манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези, Скопско. Со потекло од овој наш манастир е и Празничниот минеј, кој сега е во Народната библиотека во Софија.
Пишува:
Блаже Миневски
Остатокот од овој текст може да го прочитате на сл. линк тука.