Помалку од еден ден откако руските воени авиони се приземјиа на територијата на Венецуела со околу 100 војници и Руски претставник на воената одбрана на Русија, се случи нов дефект во снабдувањето со електрична енергија во земјата. Во 1 часот попладне по локално време околу 57% од територијата на Венецуела беа без електрично напојување според Нетблокс- сервис кој детектира дефекти на електричната енергија врз основа на интернет показатели.
Confirmed: New national power outage detected across #Venezuela starting 5:00 PM UTC (1 PM VET); network data shows 57% of country now offline; incident ongoing #SinLuz #Apagon #25Mar ⬇️https://t.co/7nhWVW9v7a pic.twitter.com/dQNWefe6h6
— NetBlocks.org (@netblocks) March 25, 2019
Во текот на вчерашниот ден беше забележан овој трет дефект на електро-енергетскиот систем во Венецуела, која што низа на дефекти започна на 7-ми март. Како одговор на претходните дефекти Министерот за одбрана на Венецуела објави дека ќе распореди вооружени сили кои што ќе го бранат националниот електро-дистрибутивен систем ан земјата.
Претседателот Никоас Мадуро ги обвини властите на САД за претходните дефекти, тврдејќи преку твитер мрежата дека администрацијата на Трамп била одговорна за “електричната војна” која што била најаверна и режирана од страна на Американскиот империјализам против народот на Венецуела.
Државниот секретар Мајк Помпео ги негираше ваквите обвинувања.
Пред два дена Рускиот ГенералВасилиј Тонкошкуров кој што е прв заменик командант на копнените сили на Русија стапна на територија на Венецуела. Од страна на официјалните власти во Венецуела во изјава за Алошиејтед прес било кажано дека оваа посета била со цел да се разговара за тренинг, стратигии и опрема за војската на Венецуела.
Набргу откако пристигнаа Русите батерија на одбрамбениот систем против ракети С-300 од руско производство бил распореден кај клучната воена база на Каракас.
#Followup: #Venezuela has put the #S300 into #operational readiness, after conducting drills in February 2019 (as reported previously by #ISI).#Colombia #intelligence #Satellite #military #defence #defense #MaduroRegime #Update #imagery pic.twitter.com/JerkoIcozn
— ImageSat Intl. (@ImageSatIntl) March 24, 2019
Како одговор на она што по се наликува на подготовка за уште една прокси војна, Мајк Помпео ги повика русите да престанат со своето неконструктивно однесување.


