Актерот Сашо Тасевски во свој познат саркастичен стил на својот фејсбук профил упати критики кон бендот Некст Тајм како и најновата песна од опусот на овој Македонски поп-рок бенд :
А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.
Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно… Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден.
-напиша Тасевски на фејсбук.

Од друга страна пак видеото за песната “Нешто ќе те питам бабо” на јутјуб каналот на бендот бележи своевидни рекорди на гледаност. Над 130.000 прегледи за неполни 18 часови од поставувањето.