Европскиот парламент гласаше за укинување на летното и зимското сметање на времето.
Од страна на мнозинството пратеници во европскиот парламент се изгласа да се укине одлуката за задолжително поместувањето на стрелките на часовникот, кое со децении се случуваше двапати годишно, во март и во октомври.
Ваквата одлука следува по направените анализи според кои ваквата досегашна пракса за задолжително менување на времето два пати во годината допринесувала до економски потешкотии во земјите на ЕУ па се до здравствени потешкотии на граѓаните. По рокот за законска имплементација на оваа одлука секоја од земјите на ЕУ ќе има свое индивидуално право да се одлучи дали ќе го менува времето како до сега два пати годишно или ќе премине на непроменливо време во текот на целата година.