• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Кирчо Анастасов: Аманет од вечноста

август 11th, 2019 Македонија коментари 890

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирчо Анастасов: Аманет од вечноста

Пролог: 

Живи сме,  мирни и замислени

Две грамади, два исконски горостаси, а браќа

Се сретнаа под жезлото на утринскиот блесок

Со молњи во очите, под челата набраздени.

-Утре сонцето се обложувам нема да изгрее…

И така стана.

Ноќта пророкот воздишна за збогум:Збогум на светот.

Замисленоста стана ехо на недореченост,

Мирот стана апсолут, а животот замре.

Денес на запад сонцето зајде различно од вчера. 

Главен дел  

или

Песна за изгрејсонцето:  

На исток се раѓаш како светлина,

замислен за ѕвездите над тебе кои што сјаат најсветло,

твоето име е: Утро над Македонија,

-најпрво од сите други.

Овде сонцето и пркоси на темнината.

Овде животот се раѓа во чест на заборавот,

да биде запаметен.

Заборав на младоста која мисли на иднината.

Од југ извираш како река-врвулица,

некогаш толку мал и тажен,

некогаш бесен и горд.

Твоето име е: Река на животот

-антички витез  на чистота и свежина.

Овде полето раѓа немир, пораз на свеста,

житно класје како владетел на животот.

Живот преточен во верување и судбина.

На запад сепак ништо ново:

Тело впрегнато во костец со зајдисонцето,

создава сенка за божемна младост

Твоето име е: Планина на разголеност

-современик на вековите ,

историја на морфолошка грандиозност.

Овде Господ се вплотил по ѕидовите на фреските.

За секоја душа по еден храм,  да гори кандило на животот.

Вечен пламен во свеста на оние што битисуваат.

Север на пат кон татковината,

она што стана и остана.

За навек да сведочи за едно постоење,

на еден народ.

Твоето име е: Македонија

-чувар на заветот на вечноста.

Овде вековите немаат значење,

а толку се значајни… за другите,

за оние што нé познаваат.

Овде народот едноставно постои,

на земја, налик на срце.

Го ковам коњот за пат кон срцето.

Пат неповратно кон својот дом.

Оттуѓен од сопственото постоење

се ближам кон татковиот збор.

Твоето име е: Твојот народ

-равновесие на душата, спокојство на постоењето.

Овде иднината не е светла,

како и секаде другде.

Таа треба да се осветли, 

во чест на секое наредно изгрејсонце.

Твоето име раѓа револуција,

горд спомен на водач на својот народ.

Твоето минато е царска приказна,

за летопис на душата.

Твоето име е: Делчево-Царско село,

-тоа е мојот дом. 

Прилог на главниот дел

или

За животот и смртта на нашиот град 

Лошо зборуваат соседите,

некој воопшто и не зборува.

Трепет на душа и солзи за иднината,

од срце на мајката која венее

Твоето име е: Ехо на детски џагор

-повик за сигурност и иднина, олицетворение на минатото.

Овде тропотот на тапаните има целосна смисла.

Се чини како тие да татнат за тебе,

за тие што шетале пред тебе,

но и оние кои тврдоглаво го ситнат времето,

префрлајки го секој следен ден

во ковчегот на нашата младост.

Ковчег кој треба да биде закопан

од оние што доаѓаат по тебе.

Нема живот после смртта,

освен во самиот живот.

Година, две, за пак да се видиме.

Копнеж на срце со дедов аманет,

за она што било, за она што трае и за она што не било

Успор на чекор-угоре и удолу.

Татнеж…

Под дрвото на строгите претци,

си изделкав сенка во немиот камен… 

Епилог 

Се смеам на љубовта.

Она дрско чувство на припадност на срцето.

Светот во мене раѓа нов горостас,

нов живот,

нов аманет за вечноста.

И пак од почеток:

На крајот на нечиј живот,

или она што за некој е крај

а за другите почеток.

И тогаш: не збогум на добредојде!

Замисленоста раѓа нов немир, а,

животот ора нови бразди.

Бразди во кои љубовта

ке го положи своето вечно тело.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најава за марш за поддршка на Македонското знаме по улиците во Скопје
Следна објава Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1601
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1801
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.