Немила случка со физичка пресметка и немили сцени се случила во Кочани утринава.
За ваквиот настан на социјалните мрежи се појави и кратко видео од кое може да се забележат тела на маж и жена како стојат во бесознание покрај пат.
“Страшна глетка во Кочани. Мајка и син лежат покрај улица, претепани среде бел ден
Алооо @o_spasovski планираш да превземеш нешто како најуспешен министер што го имала Македонија или ќе ескалира состојбава”
-стои во објавата на твитер со која е пренесено и видео од лице место.
За немилиот настан се уште нема информации во јавност од МВР, а од расположивите информации на социјалните мрежи наводно станува збор за поранешен осуденик кој бил во затвор 10-тина години. пред немилиот настан се дозирал со дрога и се обидел да нападне 14 годишно девојче. Нејзините родител во обид да го заштитат своето дете завршиле нокаутирани покрај пат. Загрижува фактот што целата оваа немила случка се случувала сред бел ден на очиглед на јавноста….


