Со попладневноте обилни врнежи од дожд централното градско подрачје во Кочани е под целосен хаос.
Сите недостатоци при уредувањето на градежното земјиште и несоодветното урбанистичко планирање во Кочани испливаа на површина буквално ова попладне.
Во видео споделено на социјалните мрежи од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани се гледат обилни количини на атмосферска вода која претставува елементарна опасност како за материјалните добра и имоти така и за безбедноста за граѓаните.
Вината за ваквата катастрофална состојба во Кочани од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја лоцираат кај актуелната власт за што пишуваат во нивната објава на фејсбук чија што содржина ја пренесуваме во продолжение:
“Кога власта ќе потроши повеќе од 300.000 € за плочки и сијалички и 88.000€ за метларка а нема да реши ниту еден проблем ќе добиете 100 пресови за фалење на СДС ама и полава и еден куп проблеми за граѓаните после првиот дожд!
Погледнете го и споделете го овој епски неуспех.
Кога уште еден прес?”
-напишаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.


