Mагазинот Форбс традиционално секоја година ја објавува листата за најплатените луѓе од јавниот живот.
На врвот на овогодишната листа за 2018 година се нашол боксерот Флојд Мејведер, со заработка од неверојатни 285 милиони долари.
На второто место е познатиот актер Џорџ Клуни, кој пак, заработил високи 239 милиони долари.
Третото место го завзеде ѕвездата од реалното шоу Кајли Џенер, со заработка од 166 милиони долари.
Четвртото место и припаѓа на славната телевизиска судијка Џуди Шајндлин со заработка од 147 милиони долари.
Меѓу првите пет се нашол и Двејн Џонсон. Неговата заработка во претходната година била 124 милиони долари.