Претставници на навивачката група “Комити” денес по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба положи свежо цвеќе и се поклони пред споменикот на Основачите на Внатрешната Македонска револуционерна организација во жена-паркот пред Македонскиот парламент.
“Комитска делегација денес положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Апостолите на Македонската Револуционерна Организација. Солун, 23.10.1893 – 23.10.2020г.
Организацијата е Народот – Народот е Организацијата !!!
-напишаа по тој повод на фејсбук Комитите.


