Во петок на 19-ти април во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи концертна промоција на минатогодишниот издаден албум “Тие Се Насекаде“ на скопскиот хард кор бенд SMUT.
Во продолжение ја пренесуваме објавата за настанот на ПР менаџментот за настанот:
После речиси една година од издавање на албумот “Тие Се Насекаде“, конечно дојдовме до датум за концертна промоција.
Бендовите што ќе настапат како наши гости на промоцијата се бендови кои ни се допаѓаат музички.
СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ:
*SANATORIUM
Македонската гордост! Тоа е бендот кој не инспирираше да направиме бенд! Главни виновници и инспирација за албумот да се вика “Тие Се Насекаде”! Едно знаеме за присутните, ова ќе биде концерт за паметење!
—————————————
гости:
*ЗАД АГОЛОТ
се составот кој го направи еден од нашите омилени македонски рап албуми во последните 10 години! Идеолошки многу блиски до нас, а и повеќето од нив доаѓаат од Западниот дел од градот! Дами и господа ви ги претставуваме творците на “Зад Шпиунката”!
———
*ПОСЛЕДЕН УДАР
Имавме можност да ги чуеме на нивната прва свирка точно пред година дена.
Верувајте ни на зборот дека со такви песни и енергија веднаш ќе го добијат вашето внимание и ќе ги освојат вашите мали црни срца.
Памтете ни го зборот и ќе зборуваме за две три години. Во моментов се во студио го снимаат нивниот прв албум.
🎟 Билети по цена од 200 денари (претпродажба) само на билетарница МКЦ и online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=453
Билетите по цена од 300 ден од 1ви Април до денот на концертот!
ЉУБОВ И ПОЧИТ,
SMUT!