Драган Ковачки, кој што е актуелен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за изборната единица 3, на Алфа телевизија вечерва во „Заспиј ако можеш“, во однос на ситуацијата во армијата истакна дека Армијата делува како Ловечко друштво, недозволиво е војници во земја членка на НАТО да имаат пет различни униформи.
-Војниците за жал во моментов носат пет видови на униформи, да ми простат војниците што вака ќе се изразам, но делуваме како Ловечко друштво, недозволиво земја членка на НАТО да носи пет видови на различни униформи, една во принципте на војската е еднообразноста, значи сите треба да делуваат еднакво, појасни Ковачки.
Тој истакна дека самата состојба дека се појавила шуга во 21 век во касарна на војска е мизерно за сите оние кои што сме биле во Армијата и навредливо за сите коишто се сега моментално во војската како и тоа дека ситуацијата во армијата е навистина лоша.
Погледнете ја целата емисија со гостување на Драган Ковачки каде говори за повеќе други актуелни работи во продолжение: