Четврти Декември 2018-та година со почеток во 20.00 часот во концертната сала на Скопскиот Младински културен центар по цели 22 години ќе проработи машината наречена “At the gates”.
Оваа Шведска дет метал сензација која е еден од од најкарактеристичните претставници на првата генерација на дет метал музичари кои преку својот мелодичен пристап, го етаблираа овој екстремен музички жанр во пошироки граници на многи пораспространете светска публика.
Концертот е организиран од страна на екипата на Terrorvoid Promotions и Taksirat 2.0.
Во објавата за настанот на социјалните мрежи стои:
Пред цели 22 години во Скопје се случи настан, кој придизвика комплетно лудило низ андерграундот во Македонија. За прв пат кај нас, дојдоа бендови кои беа дел од светската метал сцена и после чии концерти се збореше дека тоа нема никогаш да се повтори. Napalm Death и At the Gates! Поминаа многу години и многу бендови во меѓувреме дојдоа и свиреа во Скопје. Бендот се растури некое време после концертот и не свиреа скоро 12 години. Оваа година, на 4-ти декември At The Gates се враќаат во Скопје. Како едни од предводниците на Gothenburg melodic death звукот, бендот е еден од ретките кои се вистински култ на таа сцена. Мрачни, интелигентни и агресивни мелодии се дел од нивните главни карактеристики. Тие што пред 22 години бевме во МКЦ, ќе имаме можност да се вратиме во времето и пак да бидеме дел од концерт, кој ќе не освежи и за момент ќе ни го врати духот од тоа време. Тие што не биле и само слушале за тој култен концерт…. ова е можност да присуствуваат на испишување на уште една страница од метал историјата на Македонија.Картите во претпродажба веќе од понеделник 14.05.2018 по цена од 700 денари. На денот на концертот 1000ка. Ќе може да ги набавите во мрежата на mktickets.mk, на билетарата на МКЦ и онлајн на http://mktickets.mk/en/nastan/at-the-gates/
Концертот ќе биде во МКЦ на 4ти Декември 2018та.
Информации за предгрупи наскоро!
Support the Underground!! Се гледаме на концерт!!!