• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

ЛЕВИЦА ЈА ОСПОРИ ВТОРАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ОДЛУКА ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА РМ

април 21st, 2020 Македонија, Политика коментари 617

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ЛЕВИЦА ЈА ОСПОРИ ВТОРАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ОДЛУКА ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА РМ

Политичката партија Левица денес поднесе иницијатива за поништување на втората Одлука за утврдување постоење на вонредна состојба, донесена од страна на Претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски, со барање за итно изрекување времена мерка за нејзино запирање од извршување, поради тоа што можат да настанат тешко отстранливи штетни последици по правната сигурност на граѓаните.

❗️Овој спорен акт е правно недозволив чин на пречекорување на уставните овластувања на Претседателот на РМ, затоа што тој се темели на иста фактичка и правна ситуација која веќе била причина за прогласувањето на првичната вонредна состојба. Согласно нашиот Устав, одлуката со која се утврдува постоењето на вонредната состојба има важност најмногу 30 дена! Тоа значи дека, Претседателот можел, во рамките на овие триесет дена, да донесе, на пример, три одлуки од по 10 дена или шест одлуки од по 5 дена и сл. – но, никако не може самоволно и волунтаристички да носи нова одлука после истекот на максимално предвидените триесет дена, за дуплирање на овој рок без никаков уставен основ за тоа.

➡️ Впрочем, сите досега превземени репресивни здравствени мерки за борба со епидемијата на коронавирусот (карантин, самоизолација, полициски час и сл.) воопшто не зависат од прогласувањето на вонредната состојба – која беше воведена само како механизам за одлагање на изборите. Буквално сите мерки, без исклучок, се преземени и сè уште се преземаат врз основа на Законот за управување со кризи (2005) и на Законот за заштита на населението од заразни болести (2004) – бидејќи ние немаме посебен Закон за вонредна состојба, кој евентуално би се применувал во вакви ургентни состојби.

Дека станува збор за малициозна злоупотреба на вонредната состојба говори и фактот дека над 2/3 од вкупно донесените 120 уредби со законска сила од страна на техничката Влада на РМ, под водство на привремениот премиер Оливер Спасовски – која, патем речено, има стеснет и законски ограничен мандат од 100 дена, само за организирање фер и демократски избори – се диспропорционални владини уредби кои немаат апсолутно никаква функционална поврзаност или логичка врска со борбата против коронавирусот! Овој збунувачки податок оправдано нè тера да си помислиме дали враќањето во нормална состојба е приоритет за оваа преодна Влада или, пак, постојат некои други нетранспарентни приоритети сокриени од очите на јавноста, преку неразумно оптегнување на траењето на вонредната состојба, спротивно на јавниот интерес.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Богатство за сетилата: Лозано го објави својот целовечерен концерт од минатата година
Следна објава МВР: 117 лица во Македонија во изминатото деноноќие се движеле наспроти забраната за движење од кои 89 лица се приведени
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

613
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2157
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана

Сеп 14th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.