Денеска по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев членови на локалниот огранок на Левица- Делчево положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Делчево.
“ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!
По повод 150 години од раѓањето на еден од најголемите и најзначајните револуционери во историјата на Република Македонија, дел од членовите на ЛО Левица -Делчево, положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев – патронот на градот Делчево, во чест на неговата несебична и посветена борба за татковината.
” Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да им дозволиме на други да прават политика со Македонија!”- Гоце Делчев”
-напишаа на социјалните мрежи од Левица- Делчево.