После штетниот договор на Заев со Грција се огласи и Апасиев од Левица.
“Преговорите кои ги води македонската со грчката влада за промена на името се тотално правно нелегитимни. Македонскиот Устав му дава право само на претседателот да преговара, договара и склучува меѓународни договори, а не на владата.
Ние немаме само претседател и само премиер, туку имаме и претседател и премиер.
Претседателот е главниот играч, тој е примус, а премиерот е секундус. Меѓународните договори, во име на државата ги склучува претседателот на Република Македонија, а не премиерот. “
-изјави Апасиев.
За левица борбата само што почнува, Апасиев заедно со своите членови и симпатизери застанува зад браникот над уставното име, и ќе учествува на сите протести и кампањи за негова одбрана. Во случај на референдум, левица цврсто повикува на бојкот на истиот.
“Ова нема да им помине” за крај изјави левица.