Кирјакос Мицотакис претседателот на грчката опозиција со јасен став дека договорот помеѓу Грција и Македонија може само дополнително да ги влоши односите помеѓу земјите, а не да ги подобри. Тој во детален говор ги истакна последиците од тој договор на конференцијата на Export Summit VΙ која се одржа во Солун.
Паралелно, секоја година имаме околу 3 милиони пристигнувања на туристи од кај нив. Сето ова покажува дека и покрај 25 годишното нерешено прашање во нашите билатерални односи, и покрај речиси 10 годишната економска криза во Грција, и покрај техничките и административните проблеми на царините, нашите економски односи останаа блиски. Како што во суштина останаа пријателски односите меѓу двата народa. И во никој случај не беа разнишани, иако постоеше нерешеното прашање. Но, сега се во опасност сериозно да се поткопаат со толку површниот и национално нестабилниот избор на Ципрас. Бидејќи овој договор, наместо да ги ублажи проблемите, може на крај да ги отруе односите на двата народa, оживувајќи ги страстиte од други времиња. Постојат десетици компании во северна Грција, можеби стотици, кои го користат зборот Македонија или изведените зборови во нивното име или во нивните производи. Што ќе се случи со нив? Кои „мешани” комисии ќе одлучуваат за нивната иднина и кои судови ќе ги решаваат можните разлики? А во меѓувреме што ќе се случува на пазарот, кој не чека судски одлуки? И колку слабее нашиот правен арсенал кога се обраќаме до судовите за да го заштитиме брендот Македонија? Шокот за многу бизниси во Северна Грција ќе биде голем.
-изјавил Мицотакис, претседателот на опозициската Нова демократија.
Како што пренесува дописничката на МИА од Атина, Мицотакис во однос на договорот рекол дека е потпишан во „изолираната од полицијата Преспа и во пуст амбиент, меѓу кич настан со вратоврски и каубојски шешири“, а сите Грци го слушнале Заев како зборува за „Македонците и Грците”. Тој ги повтори позициите на Нова демократија: „уставна промена, не било каква туку за елиминирање на иредентистичките наводи, а главни се националноста и јазикот, ерга омнес име и име што нема да предизвикува несогласувања“ и обвини дека владата го сторила токму спротивното. Тој додал и дека нема да гласа за ратификација на овој договор, и дека е време за нови избори во Грција.
Извор: МИА