На француската телевизија Канал+ во едно неодамнешно интервју со Д-р. Патрик Мур во врска со глобални еколошки прашања, за потребите на еден документарец, се случи интересен пресврт на ситуацијата.
Имено говорејќи за препарати кои се користат за запрашување во растителното производство на земјоделски производи за кои што постои сомневање дека се отровни по здравјето на луѓето, интервјуто дојде во ситуација во која никој не би посакал да се најде.
Д-р Патрик Мур тврдеше дека препаратот е безбеден дури и да се пие од луѓето, на што новинарот кој го правеше интервјуто му понуди чаша од производот за докторот да се напие.
Што се случи потоа погледајте во овој дел од интервјуто