Зоран Заев во текот на вчерашниот ден беше во посета на општината Лозово. Таму држеше говор за успесите на Владата која ја предводи тој на отварањето на новата општинска зграда.
Притоа од страна на општината и Градоначалникот беше организирана прослава на која имаше музика и ора.
Зоран Заев се фати на орото и заедно со пензионерите од фолклорната група играше на звукот на традиционалните песни.
Овој настан беше претходница на трибината во Домот за култура “Ацо Шопов” со која СДСМ ја започна најавената кампања “На прав пат”.