• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Македонија се наоѓа пред енергетска катастрофа

јуни 21st, 2022 Анализа, Колумна коментари 568

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Македонија се наоѓа пред енергетска катастрофа

Над Македонија покрај политичката криза и предвремените избори, разочарувањето од ЕУ, надвисната е и енергетска и економска криза, која што тешко ќе се одрази на македонскиот народ и на македонската економија. Македонија денес и во близка иднина ќе го плаќа цехот од неинвестирањето во нови клучни енергетски објекти.

Македонија која што е увозно зависна држава кога се во прашања енергенсите денес е исправена пред сериозен предизвик и тешка и ладна зима. Лошата ситуација во енергетскиот сектор додатно ја влоши и геополитичката турбуленција во Европа и Светот, како и фактот што голем дел од клучните енергетски објекти во државата се на крајот на својот работен век, и нивната работа е проследена со голем број на хаварии и дефекти. А во блиска иднина не е предвидено пуштање во употреба на нови енергетски објекти, кои што ќе ги заменат старите. Плус сите големи гасоводи и нафтоводи ја заобиколуваат Македонија, и тоа додатно го отежнува снабдувањето на државата. Алтернативните извори и зелената енергија не се развиени во Македонија, и тие не можат да ги заменат клучните енергетски објекти во блиска иднина. Идните гасоводи и нафтоводи кои што ЕУ и САД ги најавуваат од Кавказот и Блискиот Исток кон Европа и Балканот, плус течниот гас од САД не е факт дека во скоро време ќе се реализираат. Песната за тие гасоводи ја слушаме повеќе од 20 години, и сите тие останаа само проекти на хартија, без реализација. Најреална опција е скапиот американски течен гас, но прашање е во колкав обем тој ќе стигне на Балканот, и како ќе се транспортира од Грција до целиот Балкан.

Голем дел од балканските држави како замена за рускиот гас полагаа надежи во американскиот течен гас, како спас од престојната енергетска криза. Бугарија тврдеше дека обезбедила долгорочно снабдување со ефтин течен гас од САД, но како што покажа истражувањето на бугарските медиуми, проверката покажува дека цената на течниот природен гас од САД во јуни до бугарската граница е 87.482 долари/мегават-час или 82,69 евра за мегават-час. Во исто време, цената на гасот според формулата на договорот на Булгаргаз со „Газпром експорт“ за јуни 2022 година е 74,16 евра/мегават-час. Тоа значи дека течниот природен гас во Бугарија пристигнува за 8,53 евра/мегават-час поскап или 11,50% поскап од гасот од Газпром во јуни [1]. Во САД се случи хаварија на фабриката за течен гас Freeport LNG. Последиците од пожарот во американската фабрика за течен гас Freeport LNG се посериозни од очекувањата. Извозниот терминал нема да работи 3 месеци, и Европа и Балканот 3 месеци нема да можат да добијат течен гас од САД. Добра вест за Македонија е што и покрај тоа што Македонија воведе санкции на Русија, сепак се согласи рускиот гас да го плаќа во рубљи.

Како резултат на немањето на ефективна енергетска стратегија во последните 30 години, и оваа и наредната година, ќе се одлеваат стотици милиони евра за увоз на електрична енергија и јаглен за производство на истата, како и за увоз на нафта и гас. Повеќе од јасно е дека цената на нафтените деривати и на гасот ќе остане висока, цената на електричната енергија ќе се зголемува, а сето тоа ќе повлече раст на инфлацијата и зголемување на трошоците на живот. Како и секогаш цената ќе ја плати трпеливиот македонски народ, кој што наместо да излезе на протести спремен е како секогаш да го стегне уште посилно ременот на својот каиш и да трпи. Тоа значи зголемена сиромаштија и класна нееднаквост, затворање на илјадници мали и средни бизниси, огромни буџетски дефицити и расходи за социјалата, а тоа значи помали расходи за капитални инвестиции, за развој, зголемување на даноците и додатно оптоварување на економијата. Тоа ќе биде огромен проблем за македонската економија, која што ниту е динамична и иновативна, ниту е конкурентна во светот, и истата е зависна од извозот во Германија. А бидејќи германската економија исто ја чекаат тешки времиња, тоа е лош сигнал и за македонската економија, која што во последните 3 години стагнира.

Македонија веќе е влезена во спиралата на кругот на задолжување, задолжување кое постојано расте, и за жал не се гледа светлото на крајот на тунелот. Задолжувањата кои што ги зема Македонија не се за капитални ифраструктурни објекти, за развој и развој, дигитализација, зголемување на продуктивноста, истите се за социјални трансфери и за крпење на буџетските дефицити. Балонот на задолжувањто постојано се дува, и прашање на време е кога истиот ќе пукне како меур од сапуници, што ќе доведе до колапс на македонската економија. Но на хоризонтот не се гледа дека Владата во заминување има стратегија и реален план како да се справи со престојната економска и енергетска бура, и судејќи според се, ќе се оди на импровизации и чекање на помош од надвор, како и во минатото, а посебно минатата година.Но прашање е дали оваа година таа помош ќе стигне во планираниот обем, или Македонија ќе мора повторно да ја моли Србија за помош. Потребно е новата влада итно да се зафати со овој проблем, за да се спаси што може да се спаси.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар


  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • енергетска криза
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Славјанка Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да ги признае успесите на армијата, еве што и' одговорија од опозицијата
Следна објава Николоски од Стразбур: Владата молчи за францускиот предлог затоа што веќе ги има прифатено неговите штетни одредби
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 614
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 629
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 614
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 530
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 964
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 747
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 793
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1314
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2955
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1457
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.