Во средата на 14-ти ноември Турскиот танцов Ансамбл Карделен го изведе познатото Македонско оро “Пајдушко” за време не полувремето на НБА натпреварот помеѓу Вашингтон Визардс и Кливлент Кавелиерс во Капитол Еден Арената во Вашингтон Д.С.
Илјадници посетители го проследија настапот. Сите танчери беа облечени во традиционални Турски носии, освен Катерина Трајкова од Обединетата Македонска Дијаспоракоја што беше облечена во традиционална Македонска носија од Скопскиот регион.
Погледнете го овој впечатлив настап во срцето на САД:


