И покрај толку бришење, негирање, брусење, погазување…. Македонското шеснаесетзрачно златно-жолто сонце на црвена основа продолжи да се вее по улиците на Македонија.
Овој антички симбол на Македонскиот народ продолжува да живее и покрај жестоката негаторска политика на Зоран Заев во изминатите 4 години.
На протестите кои што ги организираше вечерва ВМРО-ДПМНЕ во 11 Македонски градови Македонското сонце ја огреа оваа ноемвриска студена вечер и блесна пркосејки на сите усилби на власта да го избрише генетскиот код на Македонскиот народ.
Во продолжение пренесуваме неколку фотографии од Струмица, Неготино, Крива Паланка, Кратово, Кичево, Кочани, Крушево, Струга на кои се гледа овој Македонски симбол на гордост и непокор….





Протестите се организираат под слоганот “Оставка на Заев, слобода на народот” и истите продолжуваат да се реализираат и во наредните денови со запазување на сите мерки за заштита од Ковит-19.