Зелениот спокој кој го нуди локацијата на манастирот СВ.Спас“ иницираше идеја за изградба на конаци во кругот на манастирот .

Официјално е отворена кутија за донации со кои во наредниот период би се помогнала изградбата на конаците за кои има и нацрт план.
По повод големиот празник се послужи ручек за околу 2000 верници од виничко-кочанскиот регион кои се редовни посетители на овој манастир.

Традицијата на Спасовден се негува од 1948 година, кога е градена старата црква на темелите на катедрален манастир кој бил центар на околните манастири, а овој манастир е граден 1996-1998 со средства од општината и од месното население, а внатрешниот фрескоживопис уште не е комплетиран.
Кутијата за донации е отворена, па сите кои ќе го посетат овој манастир можат да помогнат и допринесат во изградбата на конаците.