За своите заслуги за својата борба и посветеност, Европратеничката од Хрватска Маријана Петир денеска доби благодарница доделена од Македонски Манифест.
Оваа Благодарница оваа Македонска организација ја доделува за одбрана на Македонскоти име, идентитет и право на Македонија и Македонците да бидат рамноправно вклучени во тековите на цивилизацијата и заедницата на народите.
Маријана Петир во Македонската јавност е позната по интензивните дебати и акцентирање на потребата за заштита на правата на Македонците во Европскиот парламент, наспроти моќното грчко лоби кое што опстојува во оваа европска институција.