• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски: Има доволно докази да заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во бездна

јануари 4th, 2020 Македонија, Политика коментари 572

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски: Има доволно докази да заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во бездна

Денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста обелодени низа на поразителни факти и аргументи за состојбата во економијата во Република Македонија.

Преку серија на официјални податоци на официјалните државни органи Мицкоски го критикуваше лошото работење на државните институции во областа на економските текови кои се пресликуваат директно на стандардот на граѓаните ни и целосно врз перспективите на државата.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна. Нема ништо од тоа што Заев го нарекуваше економска година, живот, прав пат и така натаму трета година по ред. И тоа не е така затоа што сме опозиција и наша работа е да критикуваме, туку затоа што и бројките тоа го говорат. Реалноста говори дека Македонија тоне, несигурноста е сеприсутна, во домашните компании ништо не се менува, а наплатата оди се потешко. Секој изминат месец е загуба за економијата. И ова не го зборувам на памет, туку ова ќе го поткрепам со неколку индикатори и со бројки.

Ќе започнам од конечниот извештај на Управата за јавни приходи за 2019 година. Ќе потсетам периодот на анализа е 1 Јануари  2019 заклучно со 31 декември 2019 година. Зошто ова го кажувам ќе кажам малку подоцна. Имено даночните приходи кои што биле предвидени од страна на Управата за јавни приходи дека ќе бидат собрани  во 2019 година  биле на ниво од  осумдесет и шест милијарди петстотини дваесет милиони денари. Но, за жал она кое успеало да го реализира УЈП во календарската 2019 година  е осумдесет и две милијарди триста и деветнаесет милиони двеста шеесет и четири илјади двеста дваесет и девет денари или тоа е за 4,80% помалку од тоа што било на почетокот од оваа календарска година  планирано да го реализира УЈП. Ќе ве потсетам буџетот за следната 2020 година е поголем за 5% од тоа што беше во 2019, а бројките говорат дека УЈП  како најголем полнач на буџетот всушност во 2019 година не успеала за цели 5% да го исполни она кое што самата си го задала како цел или тоа е некаде околу четири милјарди и двеста милиони денари или цели 70 милиони  евра помалку  од тоа кое што било планирано на почетокот на година што значи дека тоа што го направила УЈП  е доволен доказ да кажеме дека и заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во  бездна. Само за месец декември 2019 година биле планирани околу осум и пол милијарди денари да бидат прибрани од страна на УЈП, а биле прибрани околу осум милијарди и педесет милиони денари или за 5,77%  помалку од истиот декември  во 2018 година. УЈП, даночните приходи ги темели на три столба. Првиот столб е данокот на добивка и тој е катастрофален односно за цели 24,49%  е понизок од тој што бил планиран на почетокот на годината.

Данокот пак на личен доход е  за 1,98% помал од тој што бил планиран и тоа е така само поради тоа што имавме зголемена даночна ставка   заклучно со месец октомври. Доколку немавме зголемена даночна ставка односно доколку не се извршеше  груба пљачка на граѓаните и стопанството во Македонија и оваа ставка на потфрлање ќе беше двоцифрена.

Кај ДДВ, данокот на додадена вредност имаат околу 0,15% помалку од планираното или се на се тој е приближно 5% помалку  од планираното или за цели седумдесет милиони евра, имаат потфрлање  од тоа што било планирано на почетокот на годината. Доказ дека на економијата не и оди добро за извор ќе го напоменам  извештајот кој што го издава УЈП. Втор индикатор дека имаме цунами економија односно катастрофа во економијата  трета година по ред е бруто домашниот производ кој што гледаме беше дел и од она скапо платена кампања на СДСМ по медиумите и така фалени резултати кои што се однесуваат до порастот на бруто домашниот производ. Но, тоа е кога споредуваме погрешни индикатори, тоа е она кога се обидувате на брутален начин да ја лажете и манипулирате јавноста. Имено, сега како извор ќе го земеме извештајот на Светска Банка и ќе споредиме како индикатори два периода и тоа првите три години во периодот 2006-2008 кога се формираше втората влада на ВМРО ДПМНЕ и периодот 2017 – 2019 кога оваа влада на Зоран Заев и СДСМ беше избрана. Но, истовремено растот на БДП во македонската економија ќе го споредиме со растот на БДП во ЕУ за истиот период па ќе заклучиме во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2, 14 % односно растот на БДП за тој период, додека пак растот на БДП во ЕУ за истиот период 2,2 %. Период мај 2006 јуни заклучно крај декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 % додека пак растот на БДП во ЕУ е 2,32 % или тој е два ипол пати поголем од истиот раст кој што го има БДП во ЕУ, додека пак сега е за 0,97 пати помал од тоа кое што го има растот генерирано БДП во ЕУ. Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот на БДП во Македонија споредено од тоа што е сега.

Кога сме кај странските инвестиции трет индикатор, извор Народна Банка на Република Македонија заклучно со третиот квартал 2019 година странските инвестиции се околу 113 милиони евра или споредено  со истиот период од минатата година кога стопанството беше под жесток притисок на информацијата дека од 01.01 2019  ќе се зголемуваат даноците во нашата држава, биле инвестирани за 186 милиони повеќе отколку тоа што го направија оваа година или да го поедноставиме оваа година заклучно со третиот квартал заклучно со месец септември имаме за  186 милиони евра помалку директни странски инвестиции од колку за истиот период минатата година и тие се на ниво од 113 милиони евра.  Колку за потсетување  соседна Србија за истиот тој период има 2, 6 милијарди евра директни странски инвестиции, Словенија има 695 милиони евра, Соседна Бугарија има 460 милиони евра.

Четвртиот и петтиот индикатор за кој што денеска ќе зборуваме во наредните денови ќе зборуваме и за другите индикатори во економијата и ќе докажеме дека ние освен цунами економија и економија која што се движи кон сигурна бездна немаме ништо друго. Сето друго  е само блескаме во главата на Зоран Заев и СДСМ. Имено, индустриското производство внимавајте каква опаѓачка траекторија има. Во август месец 2019 споредена со истиот месец 2018 имаме 9, 8 % , септември имаме 6, 1% , октомври имаме 4,2 % раст додека пак ноември имаме 2,1 % опаѓање споредено со ноември 2018, слично нешто ќе имаме и во декември а истото поради високата база од првиот квартал оваа година ќе ни се случува и во првиот квартал во 2020 година. Петтиот индикатор бројот на работници во индустријата август месец 2019 споредено со август месец 2018 имаме за 1,6 % помалку од тоа што било во август месец 2018, септември за 1,6% помалку, октомври за 2,2%, ноември за 2,8%. Или пак ако го анализираме периодот  од јануари месец 2019 заклучно со 30 ноември 2019 имаме  за 1,5 % помалку вработени во индустријата од тоа што го имавме за истиот период во 2018 година. Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни Зоран Заев нее повеќе премиер но, со оваа државаа управуваат остатоците на неговиот трул криминален и транзиционен систем. Потребно е да се порази тој систем преполн со афери скандали тендери во четири очи, виткање на кичма, лаги, измами, неправда криминал и корупција. Македонија нема избор Македонија мора да оди вистински напред горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија технолошки инвестициски тигар на балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стаменковска: Ќе ги провериме сите претпоставки за постоење непотизам во вработувањата во администрацијата
Следна објава Чоколаден намаз со кикирики
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 549
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 527
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 524
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1180
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 504
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 579
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 314
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 398
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 544
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1899
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1219
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 584
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201727
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202126
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.