Во рамки на денешната работна посета на општината Кочани Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски покрај средбите со стопанствениците во овој дел од државата, го посети и Туристичкиот локалитет Пониква.
Увидувајки ги убавините и потенцијалот за развој на туризмот, Мицкоски се заложи за унапредување на постојните капацитети и услови како за развој на туризмот така и за зголемувањето на финансиските активности и подобрување на стопанството и економијата.
Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение упатено до Македонската јавност и граѓаните на нашиот Брегалнички регион од преубавата снежна Пониква:
“Бев на Пониква и остварив средба со кочанските стопанственици. Кочани и овој регион има огромни потенцијали за туристички и стопански развој. Потребно е поголема грижа од државата која мора да се посвети на домашната економија. Потребни се реални капитални инвестиции, а не фингирани извештаи, потребна е вистинска грижа за рамномерниот развој на земјата. Се обврзуваме на работа и постојана и активна грижа за потребите на граѓаните.”