• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски предлага прогласување кризна состојба во државата

март 13th, 2020 Македонија, Политика коментари 618

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски предлага прогласување кризна состојба во државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција од партиското седиште предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на Република МАкедонија преку што ќе се создадат законски услови за спроведување на двата сетови на мерки кои што ги предложи Мицкоски. Тоа се сет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните и превенција против ширење на корона вирусот, како и сет на економски мерки со кои што ќе се ублажат економските последици врз државата и стопанството во Република МАкедонија.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на која ги соопштува предлозите а кон крајот одговара на новинарски прашања поврзани со дневни актуелни теми:

“Внимателно ја следиме состојбата со развојот и ширењето на корона вирусот. Прогнозите се загрижувачки, а состојбата не се подобрува. Она што страда е здравјето на граѓаните, но и еден значаен сегмент од стопанството.  Здравјето е пред се, и нема цена, но воедно како општество мораме да признаеме дека престои и дополнителен кризен период за македонската економија која што е под сериозен удар.   Забележани се низа пропусти, недоследности и неподготвеност на владини структури и надлежните институции во справувањето со последиците од корона вирусот и пропусти во организирањето на превенцијата. И тука ќе престанам.  Со полна одговорност сакам да посочам дека нема да навлегуваме во деталите, нема да дозволам ова да се претвори во меѓупартиска битка или тема за влечење на политички поени, иако сето ова може да се забележи од страна на власта. Нема да долеваме масло во запалениот оган, сега тој треба да се изгасне, а за одговорноста ќе збориме после завршување на кризата со корона вирусот.

Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство. Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.

Но пред се, за да се имплементираат овие мерки со оглед на тоа што Собранието е распуштено и нефункционално, ВМРО-ДПМНЕ и предлага на владата веднаш да прогласи кризна состојба на цела територија на државата согласно чл. 3, став 1, алинеја 5 од Законот за управување со кризи.

Тоа значи дека предлагаме Владата веднаш да донесе одлука за постоење на кризна состојба соодветно на што ќе ги активира сите законски механизми за разрешување на кризната состојба.

Откако ќе се направи ова, му предлагаме на Управувачкиот комитет да и предложи на владата конкретни мерки за справување со економските последици, и тоа:

Најпрвин предлагаме дополнителен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните:

Прво, да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните.

Второ, државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните.

Трето, потребно е формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други превентивни помагала. Ова не случајно го говорам, бидејќи забележани се енормни високи цени кои се нереални при продажба на маските, односно не смее да се дозволи богатење врз здравјето на граѓаните. И за ова имаме конкретни докази за една веледрогерија блиска до власта, за која доколку институциите не реагираат доказите за нереално високи цени и наплаќање на излезни фактури за маски 40 пати повисоки од влезните ќе ги објавиме во јавност.

Четврто, обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.

Петто, предлагаме редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

Шесто зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

Седмо, овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

Осмо, потребно е формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки

Деветто, еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.

Покрај ова рековме дека воедно паралелно со ова треба да водиме битка и да ја задржиме економската и макроекономската стабилност во државата, и да се санираат штетите кај компаниите кои што се погодени од корона вирусот. Затоа предлагаме сет антикризни мерки за бизнисот и санирање на последиците и штетите од смалениот промет и намалената работка на стопанството.

 Затоа ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:

Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.

Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.

Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.

И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.

Ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата.

Ова е подадена рака за помош. ВМРО-ДПМНЕ ја нуди целокупната поддршка и експертска помош преку тимот на доктори кои се дел од нашата комисија за здравство и знаење од областа на економијата за справување на последиците од корона вирусот.

Мора да се заштити здравјето кое е пред се, но и да се заштити стандардот на граѓаните, и целокупната состојба во државата.

По преземањето на власта ве уверувам дека уште со позасилено темпо, но и динамика на активности за справување со последиците на корона вирусот ќе продолжи на ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш останува активно да помагаме и да ја нудиме нашата поддршка и знаење“.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Што се случува со апликацијата за пријава за гласање на дијаспората? Одеднаш одбиени над 900 пријавени
Следна објава Рашела Мизрахи со посвета за Атина Бојаџи која е родена на денешен ден
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 708
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 643
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 666
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1322
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 599
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 692
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 367
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 458
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 668
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

656
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3105
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1474
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.