,,Исправете се за обнова на Македонија” е нашиот денешен патоказ како ,,Исправи се Делфина” за Атина Бојаџи, великан на македонскиот спорт.
Најславната македонска маратонка во пливање е родена на 13 март 1944 во Охрид. Светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година.
Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година, за 13 часа и 20 минути и со тоа станува првата Македонка која го остварила овој успех.
Заедно, мој македонски народе,
да го испливаме нашиот Ла Манш и да стигнеме до целта!


