• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски: Власта одбива соработка со опозицијата во борбата против заразата од Корона вирусот

март 14th, 2020 Македонија, Политика коментари 618

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски: Власта одбива соработка со опозицијата во борбата против заразата од Корона вирусот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на отворена прес конференција од пред партиското седиште зборуваше повторно за предложените итни мерки кои што опозициската партија ги предлага на актуелната власт за бопрба против последиците од Корона вирусот кој се заканува по здравјето на граѓаните и Макроекономската политика на државата.

Тој уште еднаш ја повика власта да ги прифати овие антикризни мерки и ги оставата личните ПР активности на носечките поединци во власта.

Во продолжение во целост ја пренесуваме денешната прес Конференција на Христијан Мицкоски:

“Состојбата со справувањето со корона вирусот од ден на ден се влошува, и бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали но и посветеност од сите одговорни субјекти. Не е сега времето за меѓусебни пресметки или добивање на ситни политички поени. Мораме да бидеме свесни за неколку работи. Реалноста налага да се предочи дека  имаме сериозен предизвик за заштита на здравјето на граѓаните и ни престои голема економска криза.

Државите и институциите постојат за да им служат на граѓаните и оттука мора да се искористат сите знаења и искуства, но и брзо да се реагира за заштита на бизнисот, стандардот на граѓаните и целата економија. На крајот од месецот мора да се поделат плати, да се платат камати за кредитите, даноци, давачки, но пред се и над се да се заштити здравјето на граѓани. Вчера токму затоа предложивме антикризни мерки за заштита на здравјето и помош на бизнисот и ги ставивме на располагање нашите кадровски потенцијали. Морам да кажам дека сум разочаран што поминаа 24 часа и ниту еден, повторувам ниту еден владин претставник не пројави интерес за понудената помош и предложените мерки. Што значи дека само сопствената промоција е важна и дека не станува збор за грижа за заштита на граѓаните, туку исклучително само сопствената промоција. Мора брзо да се дејствува, и за мене како човек, но и за ВМРО-ДПМНЕ како партија воопшто не е важно од каде и кој ги предлага мерките, важно е да се делува за заштита на граѓаните и помош во економијата. Нашата комисија за здравство каде членуваат еминентни доктори е во постојано заседавање и ја следиме состојбата. Многу посилни земји од нашата се одлучија на прогласување кризна состојба, а тоа е така зошто вистински ги проценуваат работите и ризиците. Неопходно е и прогласување на кризна состојба и кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки. Предлагаме итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март. Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти. Во делот на здравјето на граѓаните. Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства. Државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните. Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба. Предупредувам дека очекуваме од владата да излезе со името на компанијата која што брутално го злоупотреби здравјето на граѓаните и беше профитерски настроена, наместо да се грижи за здравјето на граѓаните. Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе излеземе во јавноста со доказ. Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, освен здравствените работници, под ризик се и работниците во градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници, вработените во продавниците, новинарите, снимателите и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица. Неопходно е редуцирање на работата на државната администрација, Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот. Овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот. Оправдано владее паника и страв кај граѓаните. Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки. Очекуваме брзо делување. Здравјето пред се и одговорно однесување за заштита и превенирање на последиците во деловното и бизнис работење. Секој поминат ден без мерки значи поголеми последици во бизнисот и повеќе што е најважно загрозени граѓани од корона вирусот. Слоган смислија за пи-ар, ама мерки суштински нема. Бараме да се вразуми владата и да ја прифати подадената рака, и да ги донесе мерките кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага, туку затоа што се нужни, неопходни и исклучително потребни. Ова не смее да се претвори во трка слава и поени, мене тоа не ми треба, влогот е огромен, се работи за здравјето и опстојување на македонската економија. Бараме сеопфатна акција и итна примена на предложените мерки.

Продолжуваме континуирано да ја следиме состојбата, а нашите партиски тимови во делот на здравството и во делот на економијата ќе бидат во постојано заседавање и деновите кои што следат на дневна основа ќе ја информираме македонската јавност за предлозите кои што ќе ги презентираме и очекуваме конечно владата наместо да се грижи за промоција, да се грижи за интересите на државата и здравјето на граѓаните”.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Министерот Наќе Чулев со мобилизација на сите одговорни структури во МВР во борба против заканата на Корона вирусот
Следна објава Д-р Ленче Нелоска со обраќање до јавноста во врска со заканата од зараза со Корона вирусот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 674
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 701
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 372
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 679
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

864
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1656
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201920
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.