Техничкиот Министер за Внатрешни работи Наќе Чулев од изутринава е активно вклучен во низа организациони активности во структурите на МВР за следење на состојбите околу заканата од заразата со Корона вирусот и давање максимален напор за соодветен одговор на структурите на полицијата во насока на сузбивање на неповолната состојба.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Министерот Наќе Чулев од утрово:
“🗣 Со цел тековно запознавање со состојбата, преземање мерки и активности, согласно задолженијата на Владата, а во насока на справување со Корона вирусот, утрово свикав координативен состанок со врвното раководството на министерството за внатрешни работи.
👮♂️Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните и полициски службеници. За таа цел формираме координативно тело кое ќе ја следи состојбата, а во текот на денот до медиумите и граѓаните ќе доставиме детална информација за активностите.
✅ Апелирам до граѓаните да бидат спокојни, Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни активности насочени кон соодветно постапување во вакви состојби.
👩🔬 Неопходно е Министерството за здравство посериозно да пристапи во процесот на обезбедување и набавка на соодветна опрема и истата да ја стави на располагање за заштита на вработените во МВР.”


