Откако жителите на селото Будинарци, беровско беа директно “сардисани” од огнената стихија која 6 ден беснее на пределот Пијанец-Малеш, на лице место со своето физичко присуство Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски помагаше во рамки на своите можности за намалување на негативните ефекти на катастрофата која што не се случила во последните 100 години.
Мицкоски ја стави на располагање целокупната партиска инфраструктира на луѓе и ресурси со една цел да помогне на локалното население како во справување со огненита јазици, така и во намалување на последиците од катастрофата.
Во изминатите 6 денови откако се појави пожарот во делчевско а од пред 4 денови се прошири во пехчевско и потоа во беровско, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ беа интензивно вклучени во гасењето на огнените жаришта долж долгата линија на оган ширум регионот Пијанец-Малеш.


