Кандидатот за градоначалник на општина Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Курир зборува за неговата визија и заложби во кој правец ќе се развива општината кога тој ќе ја добие довербата од виничани за за да ја води општината на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.
Петков како долгогодишен професионалец во својата дејност и како човек кој ги познава проблемите на сите жители на Виница ќе се залага повторно да се врати довербата на неговите сограѓани во институциите и да стави крај на поделбите по било која основа.
На прашањето “Што ве поттикна да се кандидирате за градоначалник на Виица?”, Миле Петков вели дека
“…Поради природата на мојата работа имам влезено буквално во секој дом, во секој стан и во градот и во населените места и доволно ги знам проблемите со кои се соочуваат граѓаните а и нивните очекувања од локалната власт.
Член сум на Советот на Општина Виница и имав можност одблиску да ја следам работата на градоначалникот… Искрено не сум задоволен од неговата работа. Сметам дека може подобро. И мора подобро. Тоа не е само мое мислење, тоа е мислење и на граѓаните со кои секојднево се среќаваме. Затоа сакам да покажам и докажам дека не сме сите исти. Дека има луѓе кои се чесни и одговорни, на кои јавниот интерес е пред личниот интерес. Сакам да се врати довербата на граѓаните во институциите и во носителите на јавните функции. Да се врати надежда, дека може подобро и дека има иднина за младите генерации.”
Драстично влошената слика за Виница во изминатите 4 години откако е СДСМ на власт и разочараноста на граѓаните на Виница од ветувањата на актуелната власт, Миле Петков ќе ја подобри со макотрпна работа и со реализација на голем број проекти во сите сфери на живот. Тој раководејки се од своите основни принципи на ефикасност, отчетност чесност и транпарентност и отвореност на општината за сите граѓани , ќе се зафати со решавање со најгорливите проблеми што ги тиштат виничани и ќе донесе Виница на едно повисоко скалило на животен развој во неговиот претстоен мандат.
Целото интервју со Кандидатот за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ може да го прочитете на сл. интернет врска тука.


