Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски, претседателот на Советот Николчо Јовчев и со граѓаните на општината. Се разговараше за тековните активности и идните проекти кои ќе се реализираат помеѓу министерството и општината, а воедно и за актуелната ситуација, законите и мерките кои се донесени за подобрување на животот на граѓаните.
На средбата Министерот додаде дека со измените на законот за ловство се укинува електронското полагање и дека стручната Комисија за полагање на ловечки испит ги објавила прашањата, каде првото полагање на ловечки испит ќе се одржи на 09.06.2018 токму во Пехчево.