Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Таа иако може да влијае на целиот наш живот, факт е дека повеќето од луѓето не си ја познаваат својата крвна група.
Познавањето на крвната група може да ви помогне подобро да разберете како вашето тело реагира на одредена храна, кои болести се ризични за вас, како реагирате на стрес, како стареете и уште многу други специфичности.
Поединците со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од појава на чир на желудник. Луѓето со крвна група А се изложени на поголем ризик од бактериски инфекции и кај жените со оваа крвна група забележана е поголема плодност. Кај индивидуите, пак, со крвни групи АВ и В е забележан зголемен ризик од болести на панкреасот.
Крвната група помага во одредувањето на најздравиот начин на исхрана, а нејзиното познавање може и да ви го спаси животот.